Внимание
• Оставете ги садовите да се изладат пред
да ги извадите од апаратот. Жешките
садови лесно се оштетуваат.
• Прво испразнете ја долната корпа, а потоа
горната.
• Може да има вода на страните и на
вратата на апаратот. Не’рѓосувачкиот
челик се лади побрзо од садовите.
7. ПОМОШ И СОВЕТИ
7.1 Омекнувач за вода
Тврдата вода содржи голема количина на
минерали кои може да го оштетат апаратот и
да дадат лоши резултати во перењето.
Омекнувачот за вода ги неутрализира овие
минерали.
Солта за машината за миење садови го
оддржува омекнувачот за вода чист и во
добра состојба. Важно е да го подесете
вистинското ниво на омекнувач за вода. На
тој начин ќе бидете сигурни дека омекнувачот
за вода ја користи точната количина на сол за
машини за миење садови и вода.
7.2 Употреба на сол, стредство за
плакнење и детергент
• Користете само сол, средство за плакнење
и детергент за машина за миење на
садови. Други производи може да
предизвикаат оштетување на апаратот.
• Средството за плакнење помага, за време
на последната фаза на плакнење, за
сушење на садовите без на нив да останат
остатоци и дамки.
• Комбинираните детергент таблети содржат
детергент, средство за плакнење и други
додадени агенси. Бидете сигурни дека
овие таблети се соодветни за тврдоста на
водата во Вашата област. Видете во
упатствата на етикетата на секој производ.
• Детергент таблетите не се раствораат
целосно со кратките програми. За да
спречите појава на талог на садовите за
јадење, Ви препорачуваме да ги користите
таблетите со долги програми.
Не ставајте повеќе детергент од
препорачаното количество.
Погледнете го упатството на
производителот на детергентот.
7.3 Полнење на корпите
Видете во доставениот проспект со
примери за полнење на корпите.
• Користете го апаратот за да миете садови
кои се сигурни за машина за миење на
садови.
• Не ставајте во апаратот предмети кои се
направени од дрво, габрово дрво,
алуминиум, калај и бакар.
• Не ставајте во апаратот предмети што
впиваат вода (сунѓери, алишта).
• Отстранете ја преостанатата храна од
предметите.
• За лесно да ја отстраните преостаната
изгорена храна, накиснете ги тенџерињата
и тавите во вода пред да ги ставите во
апаратот.
• Ставете ги шупливите предмети (шолји,
чаши и тави) со отворот надолу.
• Внимавајте приборот за јадење и садовите
да не се допираат. Измешајте ги лажиците
со другите садови.
• Внимавајте чашите да не допираат други
чаши.
• Ставете ги малите садови во корпата за
прибор за јадење.
• Ставете ги лесните садови во горната
корпа. Погрижете се садовите да не се
движат.
• Проверете дали прскалките може да се
движат слободно пред да почнете
програма за миење.
7.4 Пред почеток на програма
Погрижете се за следново:
• Филтрите да се чисти и правилно
монтирани.
• Прскалките да не се затнати.
МАКЕДОНСКИ 25